Достапни линкови

Македонските винарии премали за самостоен настап на светските пазари


Македонските винарии не соработуваат и тоа го прави невозможен нивниот заеднички настап на странските пазари.

Македонското вино може да се носи со најквалитетните француски, италијански и германски вина со оглед на одличното поднебје и големиот број сончеви денови. Но проблемот е во тоа што македонските винарии не соработуваат едни со други што го прави невозможен заедничкиот настап на странските пазари како што е во случајот насекаде во светот, вели Ѓорѓи Стојаноски кој скоро четири децении работи во најпознатите европски хотели со 5 ѕвезди како сомелиер-експерт за вино.
Кога би соработувале, тогаш би можеле да соработуваат на некои саеми. Тоа да биде одреден тим што ќе ги презентира македонските вина. Сите вина кои ги произведуваат винариите во Македонија се речиси исти. Тоа го направија Австријците, се споија и настапија на странските пазари и направија голем успех.
Ѓорѓи Стојаноски, сомелиер - експерт за вино.

„Кога би соработувале, тогаш би можеле да соработуваат на некои саеми. Тоа да биде одреден тим што ќе ги презентира македонските вина. Сите вина кои ги произведуваат винариите во Македонија се речиси исти. Тоа го направија Австријците, се споија и настапија на странските пазари и направија голем успех.“
Ѓорѓи Стојаноски, сомелиер - експерт за вино одржа предавања за начинот на послужување на виното и неговиот квалитет пред студентите по гастрономија на охридскиот факултет за туризам.
Ѓорѓи Стојаноски, сомелиер - експерт за вино одржа предавања за начинот на послужување на виното и неговиот квалитет пред студентите по гастрономија на охридскиот факултет за туризам.

Според него, Македонија треба да развива сопствена автохтона сорта на грозје и вино. Ако македонските винарии сакат да произведуваат квалитетно вино треба да внимаваат и на начинот на бербата на грозјето.

„Јас посетив две винарски визби и видов дека грозјето не стигнува во гајби и се бере во камиони. Немаат вработени кои контролираат дали влегува скапано грозје. Нашите вина се квалитетни, но не го достигнуваме оној мал процент што фали со тоа неконтролирано фрлање на грозје во камионите.“
Нашите вина се квалитетни, но не го достигнуваме оној мал процент што фали со тоа неконтролирано фрлање на грозје во камионите.
Ѓорѓи Стојаноски, сомелиер - експерт за вино.

За Ангела Василевска, професор по гастрономија на факултетот по туризам во Охрид, на Македонија и недостасува добро осмислена маркетинг промоција за виното.

„Таа пропаганда е многу важна. Не се работи на здружување на самите винарии бидејќи немаме доволно капацитет и со него да се пласираме на светските пазари. Секоја винарија е премногу мала за да може да се пласира сама на светските пазари“, вели Василевска.

Тошо Чочороски, менаџер во хотел Силекс, смета дека Македонија недоволно го презентира домашното вино. Странските гости знаат само две врсти македонски вина, вели тој.

„Но што со останатите? Проблемот е кај нас. Треба да водиме сметка и истото да го понудиме онака како што треба. Келнери, шефови на ресторани мора малку подобро да го осознаат виното за да може подобро да го презентираат“, вели Чочороски.

Македонецот Ѓорѓи Стојаноски одржа предавања за начинот на послужување на виното и неговиот квалитет пред студентите по гастрономија на охридскиот факултет за туризам.
XS
SM
MD
LG