Достапни линкови

Силно невреме на Филипините, 43 луѓе загинаа


Најмалку 43 луѓе загинаа денеска при налетот на тајфунот Бофа врз Филипини.
Ова е најсилното невреме што ги погоди Филипините во изминатава година.
Над 40 илјада луѓе се евакуирани, a локалните власти ги затворија училиштата. Прекинат е и поморскиот сообраќај во централниот регион Висајас и на Минданао.
XS
SM
MD
LG