Достапни линкови

Попоски му одговори на Младенов


Македонија високо ја цени поддршката што Бугарија во континуитет и ја дава од осамостојувањето до денес, а во тој контекст и поддршката на процесот за проширување на ЕУ. Трајна определба на Македонија, е заедно со Бугарија, да градат заедничка иднина во европските и евро-атланските структури, која на двата блиски народа ќе им овозможи благосостојба, просперитет и мир. Ова е наведено во одговорот на министерот за надворешни работи Никола Попоски до неговиот бугарски колега Николај Младенов. Претходно Младенов до Попоски испрати писмо со кое предложи три мерки со кои би се обезбедила бугарската поддршка за евроинтеграцијата на Македонија.
XS
SM
MD
LG