Достапни линкови

logo-print

СДСМ со 100 амандмани против владиниот заем од Светска Банка


Пратеничката група на СДСМ поднесе над 100 амандмани на предлогот за задолжување кај Светска банка со 50 милиони долари, кој е влезен во собраниска процедура. Претседателот на собраниската комисија за финансирање и буџет Марјанчо Николов најави дека со тој потег сакаат да натераат Владата да се повлече од своите намери со кои, како што вели, по секоја цена ја задолжува Македонија и да ја води кон економска бездна. Тој додаде дека во иднина сите буџетски задолжувања со формулации „за буџетски потреби“, односно без јасна дефинирана намена и конкретна корист за граѓаните и стопанството, „СДСМ со сите средства ќе се обиде да ги спречи“.
СДСМ смета дека новите 50 милиони долари од Светска банка ќе бидат злоупотребени во предизборни цели.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека амандманската битка на СДСМ е најдиректна опструкција за донесување на закон во Собранието, изигрување на волјата на граѓаните која што ја искажуваат на избори со гласање на одредена политичка партија и деградирање на институциите на системот.

Пратеникот од ВМРО - ДПМНЕ Александар Николовски изјави дека кредитно задолжување кое што Светската банка го дава се со цел да се постигнат 4 развојни програми а тоа е: развој на производство со висока додадена вредност, олеснување во преструктуирањето на земјоделскиот сектрор, подобрување на ефикасноста на услугите во трговската мрежа, воспоставување флексибилен пазар на труд. Николовски додаде дека блокадата се прави на Комисијата за финансирање и буџет, која што во истиот момент го разгледува и буџетот за 2013 на Македонија, на кој што се поднесени рекордни над 1.000 амандмани со се доведуваат под прашање исплатата на платите и пензиите на граѓаните,
XS
SM
MD
LG