Достапни линкови

logo-print

Кривично гонење за крадење струја и вода


Илустрација, работник во ЕВН

Илустрација, работник во ЕВН

Пратениците денеска почнаа расправа за предлог измените на кривичниот законик. Измените се однесуваат на кривичните дела- кражба на собрана и дистрибуирана вода за пиење, кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас и узурпација на земјоделско земјиште во туѓа сопственост.
Опозицијата се изјасни дека ќе гласа воздржано за предлогот. Од говорницата порачаа дека со новите измени на законот на удар се најсиромашните, а проблемот со законот е селективната борба против криминалот, затоа што сега кривично ќе бидат гонети сиромашните што немаат пари да ги платат сметките за јавното претпријатие да ја догради барокната зграда.
Пратениците од мнозинството тврдат дека со измените на законото ќе се регулираат одредени ситуации кои се користеле за злоупотреби.
XS
SM
MD
LG