Достапни линкови

ИВЗ ги осуди последните насилни инциденти во Скопје


Реис ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи

Реис ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи

Исламската верска заедница денеска ги осуди сите настани кои имаат за цел да предизвикуваат насилство и омраза меѓу граѓаните врз основа на етничка или верска припадност. Реакцијата на ИВЗ следува по последниот настан кога група насилници во Скопје нападнале неколку момчиња затоа што зборувале на турски јазик. Во соопштението е наведено дека во земјава е потребно сите општествени фактори да се вклучат во надминување на, како што е наведено во соопштението, криза на умот и моралот. Во продолжување е наведено дека насилството и омразата не треба да се претворат во метод за празнење на сопствени емотивни чувства и решавање на наметнатите прашања и проблеми.
XS
SM
MD
LG