Достапни линкови

Јанакиевски побара помош од ЕУ за инфраструктурни проекти


 Министер за транспорти врски Миле Јанакиевски

Министер за транспорти врски Миле Јанакиевски

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакивески во својот говор на конференцијата за развој на транспортна мрежа во Загреб побара од Европската Унија да поддржи проширување на новата трансевропска транспортна мрежа кон Југоисточна Европа за да се добие и поголема поддршка за имплементирање капитални инфраструктурни проекти во земјите од регионот. Јанакиески побара поддршка за реализација на проектот за железничката делница од Крива Паланка до границата со Бугарија. Тој додаде дека е потребно да биде одобрена до крајот на годинава оперативната програма за развој за Македонија за периодот 2012-2013 за да се продолжи со планираните активности за инфраструктурен развој на коридорите.
На годинашниот состанок присуствуваат делегации од сите земји во регионот, како и од Европската Комисија, земји-членки на Европската Унија, меѓународни финансиски институции и различни организации од областа на транспортот.
XS
SM
MD
LG