Достапни линкови

Кралот Абдула во посета на Западниот Брег


Кралот на Јордан Абдула в четврток ќе го посети за прв пат Западниот Брег откако е унапреден палестинскиот статус во ОН. Јорданските власти соопштија дека посетата е во знак на поддршка на Палестинците за нивното „историско постигнување во ОН“. Минатата недела генералното собрание на ОН изгласа унапредување на палестинскиот „набљудувачки“ статус во „држава не членка“ на ОН. По тоа набрзо Израел соопшти дека планира да изгради 3 илјади домови во Источен Ерусалим и Западниот Брег. Генералниот секретра на ОН Бан Ки Мун го оцени потегот како штетен за мировниот процес.
XS
SM
MD
LG