Достапни линкови

ОН загрижени за притворена иранска активистка


Притворената иранска активистка Насрин Сотоудех

Притворената иранска активистка Насрин Сотоудех

Комесаријатот за човекови права во Обединетите Нации изрази загриженост за здравјето на притворената иранска активистка Насрин Сотоудех. Таа штрајкува со глад од 17- ти октомври во знак на протест поради условите во затворот и забраната за патување за нејзиното семејство. Во соопштението е наведено дека нејзиното здравје е во критична фаза. Таа отслужува 6 годишна затворска казна која се верува дека е поврзана со нејзината работа како адвокат и активисти за човекови права. Обединетите нации, ЕУ и меѓународните организации за заштита на човекови права неколку пати досега побараа од Иран да биде ослободена.
XS
SM
MD
LG