Достапни линкови

Уште јавни усти за хранење


Илустрација.
Илустрација.

Превработеноста во јавните претпријатија ќе падне на грбот на граѓаните, велат самите тие. Според пресметките, новите вработувања ќе чинат 3-4 милиони евра.

Трошоците на живот за ноември во споредба со оние во истиот месец лани се зголемиле за цели 4,6 проценти, објави Државниот завод за статистика при што податоците велат дека најмногу пораснале цените на основните животни продукти, а зголемување е забележано и кај обувките, средствата за хигиена.
Градоначалникот бега од вистината, не сака да разговара за тоа и не сака во писмена форма да не извести за колку точно вработувања станува збор.
Слободан Близнаковски, советник во Град Скопје од ВМРО-НП.

Граѓаните ги чувствуваат поскапувањата.

„Се чувствува, еве да земеме сметки пред една година и сега, се чувствува и во сметките за струја, за парно, за вода, најмалку 40 проценти се зголемени, претпријатијата малку по малку ги зголемуваат комуналиите.“

Истовремено се загрижени и поради новојаванетите вработувања во јавните претпријатија за кои опозицијата побара да се дебатира, а мнозинството најпрвин се согласи, а потоа се обиде да ја одбегне дискусијата.
Има доволно вработени, зошто им се нови вработени? Нека има нови вработени во индустријата кои ќе носат пари, овие само ќе земаат уште повеќе.
Анкетиран граѓанин.

„Значи градоначалникот бега од вистината, не сака да разговара за тоа и не сака во писмена форма да не извести за колку точно вработувања станува збор“, вели подносителот на иницијативата, советникот Слободан Близнаковски од ВМРО-НП.

Неговата информација содржи податок за 500 нови вработувања за кои и самите вработени потврдија дека се случиле преку партија. Директорите на јавните претпријатија велат дека станува збор само за вработување на лицата кои во претпријатијата работеле хонорарно. Опозицијата од нив сега бара секој посебно да изготви информација за бројот на вработени и да ја достави пред советот на градот.

Превработеноста во јавните претпријатија ќе падне на грбот на граѓаните велат самите тие и е непотребно да се случуваат токму во нив.

„Јавните претпријатија треба да бидат со оптимален број на вработени, затоа што сето тоа е на товар на граѓаните.“

„Има доволно вработени, зошто им се нови вработени? Нека има нови вработени во индустријата кои ќе носат пари, овие само ќе земаат уште повеќе.“

Близнаковски има пресметка дека новите вработувања ќе чинат 3-4 милиони евра.
XS
SM
MD
LG