Достапни линкови

Министре, на инсулин не се штеди


Премиерот Никола Груевски пушта во употреба нов Центар за дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Премиерот Никола Груевски пушта во употреба нов Центар за дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

На инсулин не се штеди, велат докторите за указот од Министерството за здравство според кој треба да се намали инсулинската терапија за минимум 15 проценти. Со други зборови им кажува вие треба да умртвите толку луѓе за да имаме таква заштеда, поинаку не е можно, вели поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец.

Како се штеди на инсулин? Прашањето се поставува откако во медиумите се објави копија од указот од Министерството за здравство во кој, меѓу другото, е наведено и следново:
Ако дадете вишок тој пациент ќе влезе во хипогликемија и ќе отиде, ако ме разбирате, значи дозирањето на инсулинот и потребите, количеството се јасно прецизирани, во строги односи, значи не можете не смеете помалку, не можете повеќе, многу е егзактна работата.


„Целта на Вашата установа е намалување на трошоците за инсулинска терапија за минимум 15 проценти во 2013 во однос на 2012 година“, со подточка дека во случај на неуспех ќе има и казни. Според министерството, дел од докторите давале поскапа инсулинска терапија кога тоа не било потребно, со што го оптоварувале буџетот.

Екс-министерот за здравство, доктор Ѓорѓи Оровчанец вели дека не е возможно да се дава вишок инсулин.

„Ако дадете вишок тој пациент ќе влезе во хипогликемија и ќе отиде, ако ме разбирате, значи дозирањето на инсулинот и потребите, количеството се јасно прецизирани, во строги односи, значи не можете, не смеете помалку, не можете повеќе, многу е егзактна работата.“
Указот за кој јас не можам да кажам затоа што сум хирург, меѓутоа е доказ за лицемерие. Тој цело време тврди пред јавноста дека се грижи за пациентите, а сега се покажува дека преку докторите треба да им го ремети спокојството и мирот на пациентите што се покажува со самата изјава.

Препораката е догодина да се заштедат најмалку 15 отсто на трошоците за оваа терапија, а се шпекулира дека најголемата заштеда би била 30 проценти.

„Тоа значи дека минимум 10 проценти од популацијата која го употребува инсулинот треба да си оди едноставно, со други зборови им кажува вие треба да умртвите толку души за да имаме таква заштеда, поинаку не е можно“, вели доктор Оровчанец.

Според доктор Милчо Пановски станува збор за лицемерие.

„Указот за кој јас не можам да кажам затоа што сум хирург, меѓутоа е доказ за лицемерие. Тој цело време тврди пред јавноста дека се грижи за пациентите, а сега се покажува дека преку докторите треба да им го ремети спокојството и мирот на пациентите што се покажува со самата изјава.“

Еден куп лекови и цитостатици кои се во прва линија на третман упорно не се ставаат на позитивната листа и покрај тоа што тоа се бара, вели доктор Пановски.

„Има тежок селективен приод за заштита на пациентите. Пациентите треба да сфатат со кого имаат работа и да се борат со своите права, како што сега и ние се бориме за своите права.“

На информациите во медиумите дека ќе се штеди на инсулин Министерството за здравство претходно реагираше со соопштение во кое е наведено дека поради непочитувањето на упатството од страна на лекарите „неколкупати поскапата инсулинска терапија масовно се користи онаму каде што можат да се користат и други хумани инсулини“ што доаѓа до извесно оптеретување на буџетот.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG