Достапни линкови

Само со чудо до датум за преговори


Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Државниот врв е воздржан, дел од аналитачарите велат дека треба да се случи чудо за Македонија да добие датум за преговори на престојниот Самит во Брисел, а дел од нив се оптимисти.

И додека државниот врв демонстрира воздржаност пред претстојниот самит на Европската унија во Брисел, поголемиот дел од аналитичарите велат дека треба да се случи вистинско чудо, за Македонија да добие датум за преговори.
Ќе извисиме таму, ќе чекаме, дури не почнат преговорите со Грција. Без да се реши проблемот со Грција не верувам дека ќе имаме, тоа само ако се случи некое чудо.


Универзитетскиот професор Арсим Синани вели дека е невозможно позитивно сценарио за Македонија, како и шанса да успее планот на Европската комисија за паралелни преговори со Унијата и со Грција за спорот со името.
Средба на Министерот за надворешни работи Никола Попоски со Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Ричард Ховит.

Средба на Министерот за надворешни работи Никола Попоски со Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Ричард Ховит.


„Ќе извисиме таму, ќе чекаме дури не почнат преговорите со Грција. Без да се реши проблемот со Грција не верувам дека ќе имаме, тоа само ако се случи некое чудо“, вели Синани.

И според поранешниот дипломат Нано Ружин Македонија нема изгледи да добие датум за отворање преговори на европскиот самит наредната недела. Фактот што најзначајното прашање - спорот за името со Грција нема изгледи да се реши наскоро, оди во прилог на тоа дека и овојпат Македонија ќе остане пред вратите на Унијата, вели Ружин.
Во последно време вистина се зголеми критичната маса на поддршка на Македонија и од земјите членки на ЕУ и од членките на ЕП и од повеќе европски невладини организации. А, освен тоа треба да се каже дека и нашата дипломатија, па и државните органи беа исклучително активни во овој период.

„Може да пристапиме од анализа на состојбите и во ЕУ и соседството и во билатералните односи со јужниот сосед, па и со Бугарија и сметам дека сите овие параметри не прават мошне скептични.“

Спротивно на ваквите тврдења, професор Димитар Мирчев е оптимист дека самитот на Унијата ќе биде позитивен за Македонија. Иако, како што вели, е тешко да се предвиди што точно ќе се случи таму, Мирчев уверува дека Македонија ја има поддршката од многу земји членки.

„Во последно време вистина се зголеми критичната маса на поддршка на Македонија и од земјите членки на ЕУ и од членките на ЕП и од повеќе европски невладини организации. А, освен тоа треба да се каже дека и нашата дипломатија, па и државните органи беа исклучително активни во овој период.“

Мирчев верува дека планот на Европската комисија преговорите да започнат, а проблемот за името да се реши во раната фаза од преговорите е остварлив.

Во меѓувреме расте песимизмот кај македонските граѓани дека Македонија ќе го добие посакуваниот датум во декември. На прашањето дали Македонија во декември ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ поставено на нашата веб страница, скоро 70 проценти од граѓаните одговориле негативно. Дваесет и пет проценти дале позитивен одговор, а околу 5 насто од посетителите на страницата одговориле со „не знам“.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG