Достапни линкови

Египетските весници во битка за слобода на говорот


Египетските независни и опозициски весници денеска не излегоа од печат во знак на протест против ограничувањето на слободата на говорот кое, според нив, е содржано во нацрт уставот за кој ќе се гласа на реферндум на 15-ти овој месец. Според нив, покрај слободата на печатот, се ограничува и слободата на религијата, односно се отвораат вратите за стриктна примена на исламистичките закони. Опозицијата и за денеска најави протести пред претседателската палата во Каиро.
XS
SM
MD
LG