Достапни линкови

logo-print

Иран тврди дека запленил американско безпилотно летало


Американско безпилотно летало од типот Скенигл

Американско безпилотно летало од типот Скенигл

Иран соопшти дека запленил едно американско безпилотно летало кое влегло во неговиот воздушен простор над Персискиот Залив. Иранските медиуми пренесуваат соопштение од Револуционерната гарда, не прецизирајки на кој начин било леталото запленето. САД тврдат дека не им недостига ниедно летало. Во минатиот месец Иран објави дека стрелал врз американско безпилотно летало, но не успеал да го запре. Пред една година, пак, официјален Техеран тврдеше дека соборил американско безпилотно летално во источен Иран, но Вашингтон соопшти дека леталото имало дефект и паднало.
XS
SM
MD
LG