Достапни линкови

Кацин - Србија никогаш не била толку близу до датум за преговори со ЕУ


Известителот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин.

Известителот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин.

Известителот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин изјави дека Србија значително напредувала во евроинтеграциите и дека датумот за отпочнување преговори е многу близу. Кацин пред пратениците од Надворешно-политичкиот комитет на ЕП вчера во Брисел го претстави годишниот извештај за Србија за кој рече дека е „најпозитивен досега“.

„Србија никогаш не била толку близу до датум за почеток на преговори за придружување“, оцени известителот и нагласи дека тој чекор е „на дофат“.

Како најпозитивно достигнување, Кацин го наведе напредокот на Србија што го оствари во односите со Косово и посебно го спомена продолжувањето на „историскиот дијалог меѓу двајцата премиери“, примената на договорот за интегрирано управување со премините и договорот за регионални форуми, јави Танјуг.
XS
SM
MD
LG