Достапни линкови

САД против проширувањето на еврејските доселенички населби на Западниот Брег


Eврејскa доселеничкa населбa на Западниот Брег.

Eврејскa доселеничкa населбa на Западниот Брег.

САД го повикаа Израел да „ја преиспита“ одлуката да дозволи изградба на 3.000 нови станови во еврејските доселенички населби на окупираниот Западен Брег. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека Израел треба да „покаже воздржаност“ и ја оцени одлуката како контрапродуктивна за продолжување на мировните разговори. Претходно, против одлуката протестираа и Париз, Стокхолм и Лондон.

Сепак, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ќе продолжи да се залага за неговите суштински интереси и покрај меѓународниот притисок и оти нема да има промена на одлуката. Израелскиот план беше претставен во петокот, еден ден откако Генералното собрание на ОН ја прими Палестина како земја не-членка.
XS
SM
MD
LG