Достапни линкови

Обама ја предупреди Сирија против користење хемиско оружје


Сирија.

Сирија.

Американскиот претседател Барак Обама ја предупреди владата на Сирија дека „ќе има последици“ ако режимот употреби хемиско оружје против бунтовниците. Обама изјави дека сака јасно да му стави до знаење на сирискиот претседател Башар ал-Асад и оние кои се под негова команда дека употребата на хемиско оружје „ќе биде целосно неприфатлива“. Обама не кажа со какви последици може да се соочи сирискиот режим, ако употреби хемиско оружје. Неговата реакција следува откако беа објавени разузнавачки информации дека е забележано пренесување компоненти за хемиско оружје во Сирија.
XS
SM
MD
LG