Достапни линкови

logo-print

Турција може да разговара со Оџалан?


Затворениот курдски лидер Абдула Оџалан.

Затворениот курдски лидер Абдула Оџалан.

Турската влада ќе го направи секој неопходен чекор и ќе разговара со секој, кој може да помогне во решавање на курдскиот проблем, изјави турскиот вицепремиер Бешир Аталај, навестувајќи дека се можни преговори со курдскиот лидер Абдула Оџалан, кој е осуден на доживотен затвор. Аталај наведе дека Владата ќе ги направи неопходните чекори „за доброто на земјата“.

„Ние немаме и нема да имаме дилеми да разговараме со потребните луѓе, да направиме значаен чекор и да ги донесеме посакуваните решенија за да го запреме крвопролевањето“, вели Алатај.

Турската влада последните неколку години разговараше со Оџалан, кој е затворен на островот Имрал, но во моментот контактите се прекинати. Високи претставници на разузнавањето имале тајни средби со лидерите на Курдската работничка партија (ПКК) во Осло, а во септември премиерот Реџеп Таип Ердоган изјави дека се можни понатамошни разговори.
XS
SM
MD
LG