Достапни линкови

Иран бара најмалку магистер за претседател


Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани.

Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани.

Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани застана во одбрана на промените во изборниот законик што беа изгласани во неделата. Законот сега воведува построги услови за оние кои сакаат да се кандидираат на претседателските избори.

Критичарите, меѓу кои и претседателот Махмуд Ахмадинеџад, велат дека законот е противуставен. Лариџани, пак, изјави дека законот има за цел зачувување на слободите и одржување мирни избори.

Според законот, кандидатите за претседател мора да добијат поддршка од најмалку 100 членови на парламентот или најмалку 12 членови на Собранието на експерти. Кандидатите треба да се на возраст меѓу 45 и 75 години и да имаат најмалку магистратура или соодветен еквивалент од некоја исламска високообразовна институција.

За Законот да стапи во сила, потребно е одобрение од Советот на чувари.

Претседателските избори во Иран треба да се одржат на 14 јуни наредната година.
XS
SM
MD
LG