Достапни линкови

Блогерот што почина во ирански затвор бил тепан


Иранскиот блогер Сатар Бехешти.

Иранскиот блогер Сатар Бехешти.

Иранскиот обвинител Голам Хосеин Еџехи изјави дека блогерот Сатар Бехешти кој минатиот месец почина во притвор бил тепан. Еџехи рече дека истрагата утврдила дека 35-годишниот Бехешти бил тепан од денот на апсењето, но оти тоа не е причина за смртта. Според него, блогерот веројатно починал од физички и психолошки шок. Изјавата на обвинителот следува два дена откако поради случајот беше разрешен шефот на иранската единица за компјутерски криминал Камал Хадианфар. Бехешти беше притворен на 30 октомври, а почина на 3 ноември во затворот Евин. Иранските власти уапсија седум луѓе поврзани со неговата смрт.
XS
SM
MD
LG