Достапни линкови

Почна судењето на узбекистански исламисти во Париз


Милитанти од Исламското движење на Узбекистан во провинцијата Кудуз во Авганистан.

Милитанти од Исламското движење на Узбекистан во провинцијата Кудуз во Авганистан.

Десетмина обвинети за финансирање на Исламското движење на Узбекистан(ИДУ), екстремистичка организација обвинета за поврзаност со Ал Каеда, вчера седнаа на обвинителна клупа во суд во Париз. Тие се обвинети дека собрале илјадници евра од верниците во француските џамии за финансирање на ИДУ во периодот од 2003 до 2008 година. Групата беше уапсена во Франција, Германија и во Холандија во 2008 година. Адвокатите на двајца од обвинетите ги негираат обвинувањата и тврдат дека парите биле собирани за хуманитарни цели. САД го сметаат Исламското движење на Узбекистан како терористичка организација. Советот за безбедност на ОН во 2001 година официјално ја вброи ИДУ во организациите поврзани со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG