Достапни линкови

Папата Бенедикт XVI ќе почне да твита наредната недела


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Папата Бенедикт XVI на 12 декември ќе почне да испраќа пораки преку социјалната мрежа твитер од неговиот личен налог @pontifex, соопшти портпаролот на Ватикан. Тој вели дека папата сака да „допре до секого“ со пораки преку твитер преведени на осум јазици. Советникот за комуникации на Ватикан Грег Бурке изјави дека налогот @pontifex бил избран затоа што, не само што значи папа на латински, туку значи и градител на мостови, што укажува на единство. Минатата година, духовниот водач на повеќе од една милијарда католици во светот, испрати порака на твитер, но користејќи го налогот на Ватикан.
XS
SM
MD
LG