Достапни линкови

Русија ќе гради нуклеарна централа во Турција


Рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган најави дека Русија целосно ќе ја финансира првата нуклеарна централа во Турција. Тој изјави дека руската државна компанија „Росатом“ ќе ја гради нуклеарната централа во Акују, вредна 22 милијарди долари, а централата треба да биде изградена до 2022 година.
Тој додаде дека најмалку 25 проценти од фондовите за нуклеарната централа ќе бидат искористени за отворање на работни места во Турција.
Путин истакна дека на средбата со Ердоган разговарале за трговската соработка меѓу двете земји, за соработка во енергетскиот сектор, како и за состојбите во Сирија.
XS
SM
MD
LG