Достапни линкови

„Невидливите“ велат Тодоров штеди на инсулин


Самостојниот синдикат за здравство смета дека контролите на инспекторите се само средство на министерот за здравство за притисок и заплашување на лекарите. Др Дејан Ставриќ изјави дека грижата која ја покажува министерот за пацинетите е маска а како пример за тоа го посочи и укажувањето кое го добиле директорите за намалување на потрошувачката на инсулинска терапија за 15 до 30 проценти.

„ Како тоа, треба сега секој трет пациент со диабетис треба да го запоставиме, нема да ја добие терапијата? Дали ова е грижата на министерот за пациентите или таа е содржана во договорите меѓу фондот за здравство и приватните педијатриски ординации каде што стои дека докторот може да препише само по еден сируп годишно по дете?“ вели др. Ставриќ

Министерството за здравство ги негираше таквите тврдења и во писмената реакција наведоа паднале маските побргу отколку што oчекувале, односно на површина излегло политичко-финансиската спрега, што стои зад креирање на незадоволството на лекарите. Во продолжение на соопштението е наведено дека министертвото е посветено на грижата за пациентите и дека со указот само се бара да се користи каде што е можно поефтина инсулинска терапија наместо поскапата.

Од министертството напоменуваат дека одржувањето високо ниво на грижата за дијабетесот се постигна преку сериозни заштеди, затоа што, ако домаќински се однесуваме кога е во прашање семејниот буџет, исто така, домаќински треба да се однесуваме со средствата во здравствениот систем се вели во реакцијата.
XS
SM
MD
LG