Достапни линкови

И папата Бенедикт 16-ти ќе твита


Ватикан соопшти дека официјалниот „Твитер“ профил на папата Бенедикт 16-ти ќе биде @pontifex. Во соопштението на Ватикан се наведува дека Папата ќе почне да праќа твитови на 12 декември. Во првиот „твит“, во форма на прашање и одговор, папата ќе се фокусира на одговори на прашањата за верата, кои не треба да бидат поголеми од 140 карактери, колку што собира еден твит. Твитовите ќе бидат на португалски, германски, полски, арапски и француски јазик.
XS
SM
MD
LG