Достапни линкови

Египетските судии ќе го мониторираат референдумот


Египетскиот врховен суд најави дека судиите ќе го мониторираат спроведувањето на реферндумот на 15 декември и покрај повиците за бојкот. Ова за новинската агенција МЕНА го потврди советник на исламскиот претседател Мухамед Морси. Вчера Клубот на судии соопшти дека тие ќе одбијата да го мониторираат процесот како знак на протест поради декретот на Морси со кој тој си ги зголеми овластувањата.
Потегот на Морси предизвика отпор кај судиите и масовни демонстрации на улиците при што две лица загинаа.
XS
SM
MD
LG