Достапни линкови

logo-print

Холандската полиција уапси 55 Курди


Холандската полиција прекинала состанок на припадници на забранетата курдска работничка партија и уапсила 55 луѓе. Во соопштението на обвинителството е наведено дека 150 полицајци упаднале на состанокот кој Курдите го оддржувале во селото Елемет во јужниот дел на Холандија. Уапсените ќе бидат во притвор три дена заради испрашување а потоа судската власт ќе одлучува за следните чекори.
Во САД и ЕУ Курдската работничка партија се смета дека е терористичка организација, а во Холандија е забранета од 2007 година.
XS
SM
MD
LG