Достапни линкови

Путин на средба со Ердоган


Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Истанбул каде се сретнa со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Се очекува фокус на нивните разговори да биде ситуацијата во Сирија, јавуваат турските медиуми.
Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров кој вчера пристигна во Истанбул се сретна со неговиот турски колега Ахмет Давутоглу. Путиновата посета која претходно беше планирана за во октомври, доаѓа во период кога се зголемени тензиите меѓу двете држави поради Сирија. Се очекува една од темите на разговорите да биде и трговската размена.
XS
SM
MD
LG