Достапни линкови

Британија, Франција, Шведска против израелската одлука


Британија, Франција и Шведска протестираат против израелската одлука за изградба на 3 илјади домови во Западниот Брег. Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи Паул Хиршон изјави дека израелските амбасадори во Париз, Лондон и Стокхолм биле повикани да примат дипломатски протесни ноти. Дипломатскиот протест следува по предупредувањето на генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун дека одлуката за изградба на населба може сериозно да наштети на мировниот процес и целосно да го одвои Источниот Ерусалим од остатокот од Западниот Брег. Израел одлуката за изградба на населба ја соопшти во петокот откако претходно на генералното собрание на ОН беше унапреден палестинскиот статус од „набљудувач“ во „држава не членка“ на ОН. Израел вчера соопшти дека ќе заддржи околу 100 милиони долари од даноците на Палестинците.
XS
SM
MD
LG