Достапни линкови

Уште еден обид за спас на Преспанското Езеро


Девојче се игра на брегот на Преспанско Езеро. .
Девојче се игра на брегот на Преспанско Езеро. .

Општина Ресен со финансиска поддршка од швајцарската агенција за развој ќе спроведе сериозен проект за заштита на езерото.

Преспанското езеро трпи трауматични промени, екосистемот се деградира, биодиверизтетот осиромашува. Има драматични влијанија предизвикани од обилниот раст на вегетацијата, намаленото ниво на вода и промената на климата. Во последните две децении проѕирноста на водата е намалена за 30 до 70 проценти, а концентрациите на растворен кислород се типични за еутрофни води. Сето ова може да доведе до почеток на масовно изумирање на живиот свет, покажуваат досегашните научни истражувања за Преспанското езеро. Поради ваквата состојба општина Ресен со финансиска поддршка од швајцарската агенција за развој ќе спроведе сериозен проект за заштита на езерото.
Со овој проект сите ретки и загрозени видови кои живеат во езерото ќе имаат поголема можност за да опстанат. Локалните жители ќе имаат корист од тоа што водата ќе биде почиста, а тоа ќе придонесе за зголемен број на туристи.
Дијадра Бојда, УНДП.


„Овој проект на голема врата во Преспа ќе ги воведе агроеколошките мерки во земјоделството со што ќе се намали загадувањето на водата. Преку серија на мерки во шумарството, вклучувајќи и масовно пошумување ќе ги намалиме ерозивните процеси одговорни за влез на штетни наноси во притоките. За првпат во Преспа ќе се воведе служба за управување со езерото, како и мониторинг станица опремена со најсовремена лабораторија. Активно ќе можеме да го контролираме процесот на деградација на езерото“, изјави ресенскиот градоначалник Михаил Волкановски.
Градоначалникот на општина Ресен Михаил Волкановски и претставници на швајцарската агенција за развој потпишуваат договор за финансиска поддршка за заштита на Преспанско Езеро.
Градоначалникот на општина Ресен Михаил Волкановски и претставници на швајцарската агенција за развој потпишуваат договор за финансиска поддршка за заштита на Преспанско Езеро.

Тој додава дека преку проектот:

„Ќе ја подобриме технологијата и третманот на отпадните води од централната прочистителна станица преку најзина надградба со примена на природни системи. Ќе се обидеме на поголема територија да поставиме одржлив систем за управување со земјоделскиот отпад: отпадно јаболко и амбалажа.“

Како партнер во проектот се јавува и УНДП.

„Со овој проект сите ретки и загрозени видови кои живеат во езерото ќе имаат поголема можност за да опстанат. Локалните жители ќе имаат корист од тоа што водата ќе биде почиста, а тоа ќе придонесе за зголемен број на туристи“, изјави Дијадра Бојда од УНДП.

Проектот ќе чини 5 милиони франци, обезбедени од швајцарската агенција за развој и ќе се спроведува шест години.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG