Достапни линкови

logo-print

Јанукович ја прифати оставката на Азаров


Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска ја прифати оставката на премиерот Микола Азаров и неговата влада по парламентарните избори кои се оддржаа на 28 октомври. Во соопштението од претседателскиот кабинет е наведено дека Јанукович побарал од владата во заминување да останат привремено. Се очекува по оваа постапка Јанукович да му го предаде мандатот повторно на Азаров да формира влада. Украинската опозиција и Западот сметаат дека изборите од 28 октомври, на кои победи партијата на Јанукович, биле нарушени од бројни нерегуларности.
XS
SM
MD
LG