Достапни линкови

Турција упати авиони ловци кон границата со Сирија


Турција денеска испрати авиони ловци кон границата со Сирија, откако сириските владини сили ги бомбардираа позициите на бунтовниците во пограничниот град Рас ал Аин и залутани гранати паднаа на турска територија, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на турски безбедносни извори.
Бунтовниците со борба пред околу еден месец го зазедоа Рас ал Аин, што го предизвика најголемиот бегалски бран од Сирија од почетокот на граѓанската војна во земјата. Претходно Турција побара од НАТО поставување на ракети „Патриот“ долж турско-сирската граница со цел да го заштити националниот воздушен простор на одгласите за закана и опасност по националната безбедност, што произлегуваат од кризата во Сирија.
XS
SM
MD
LG