Достапни линкови

logo-print

Клинтон во Прага за нуклеарката Темелин


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг, Прага 03.12.12.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг, Прага 03.12.12.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон престојува во кратка посета на Прага во поддршка на амбициите на американската компанија „Вестингхаус“ да го добие тендерот за доградба на нуклеарната централа Темелин. Чешка планира до 2025 година да изгради уште два блока во вредност од околу десетина милијарди долари. Доколку „Вестингхаус“ ја добие зделката, тоа би значело нови 9 илјади работни места во Соединетите држави. На тендерот, освен „Вестингхаус“ се пријавени и руско чешкиот конзорциум МИР 1200 и француската компанија АРЕВА. Клинтон по Прага заминува во Брисел на министерски состанок на НАТО.
XS
SM
MD
LG