Достапни линкови

Странски инвестиции - лани лошо, годинава бетер


Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија.

Пет пати помалу странски инвестиции има годинава во споредба со лани. Во последните девет месеци во земјава се влезени вкупно 44 милиони евра од странски инвестиции.

Глобалната економска криза, силната конкуренција на пазарот, но и погрешното таргетирање на компаниите кои би биле потенцијални инвеститори во Македонија, се причините кои според економските аналитичари придонесуваат за пад на странските инвестиции во земјава. Тоа што според статистиката значи скоро пет пати помалку инвестиции годинава во споредба со лани, за експертите е сигнал дека Владата мора да преземе активности кои со сигурност ќе дадат резултати во привлекувањето на нови инвеститори во земјава.
На економските промотори кои ги имаме не им се овозможува да водат независна политика, за да се привлечат тие странски инвестиции. Тие маркетингшки информации што ги даваат немаат немаат апсолутно никаква друга моќ.


„На економските промотори кои ги имаме не им се овозможува да водат независна политика, за да се привлечат тие странски инвестиции. Тие маркетингшки информации што ги даваат немаат немаат апсолутно никаква друга моќ“, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.

Универзитетскиот професор Зоран Ивановски објаснува дека интересот на земјите каде темпото на посакуваниот економски раст не е во согласност со желбите и проекциите на Владата, е насочен кон привлекување на странски инвестиции.
Индискиот милијардер Субрата Рој ја посети Македонија и се сретна со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Индискиот милијардер Субрата Рој ја посети Македонија и се сретна со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.


„Ако ги анализираме последните роуд шоуа и најавите за последните инвеститори од Индија или од Мексико, изјавите на министрите за финансии и за економија на министрите од соседните земји, ќе видите отприлика дека повеќето од нив оперираат со исти личности и со исти компании.“
Во последните четири години во Република Македонија по основ на странски инвестиции се влезени милијарда и 550 милиони евра, што е двапати повеќе од вкупниот прилив по тој основ во периодот од 1990 година до 2005 година.

Министерот за финансии Зоран Ставрески пак уверува дека во последните четири години владините политики и мерки, вклучително и економските презентации надвор од државата, даваат резултати.

„Во последните четири години во Република Македонија по основ на странски инвестиции се влезени милијарда и 550 милиони евра, што е двапати повеќе од вкупниот прилив по тој основ во периодот од 1990 година до 2005 година.“

Според аналитичарите ваквиот обид на властите да ги прикријат неповолните бројки во последнава година е во функција на предизборен маркетинг.

„Нашиот министер за финансии и целата влада не ги прикажуваат реалните бројки затоа што сепак влегуваме во изборна година и секое покажување на реалноста би било погубно за нив“, вели Адеми.

Професорот Ивановски, пак, не ја исклучува можноста поголемиот дел од остварениот профит инвеститорите да го враќаат во земјите од каде доаѓаат.

„Не може да очекувате вие да дојде бизнис, да дојде странска инвестиција, а да таа не може без проблеми да си го префрли профитот во сопствената земја.

Последните податоци на Народната банка зборуваат за драстичен пад на странските инвестиции во Македонија. Во последните девет месеци во земјава се влезени вкупно 44 милиони евра што е за 5 пати помалку во однос на истиот период лани кога инвестициите беа на ниво од 231 милион евра.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG