Достапни линкови

Продолжува загадувањето со јаглерод диоксид


Научните соопштија дека испуштањето индустриски јаглерод диксид годинава пораснало за околу 2,6 насто, додека лани тој пораст изнесувал 3 проценти. Во научната студија објавена денеска се наведува дека најголем загадувач е Кина, додека Соединетите држави и Германија го намалиле нивното испуштање на јаглерод диоксид кој се смета за клучен за климатските промени. Најновата студија е објавена во Катар каде што претставници на 190 земји разговараат за начините за спречување на промените на климата.
XS
SM
MD
LG