Достапни линкови

Албанската независност - најкоментирана тема


Прослава на 100 годишнината од независноста и знамето на Албанија. Скопје 25 ноември 2012.

Прослава на 100 годишнината од независноста и знамето на Албанија. Скопје 25 ноември 2012.

Прославата на 100 годишнината од независноста и знамето на Албанија и се што потегна оваа тема со себе, како и штрајкот на лекарите- специјалисти се најкоментирани информации на нашата веб-страница.

Прославата на 100-годишнината на државата Албанија и на нејзиното знаме во Скопје и однесувањето на македонскиот политички врв по тој повод се' уште го брануваат народот. Текстот - информација за тоа дека во Тирана не беше претседателот Иванов, во Скопје не беше присутен премиерот Груевски, а пак во Тирана, на смотрата на НАТО учествуваа македонски војници е најкоментираната информација во изминатата недела на нашата веб-страница. При што, не треба да се нагласува, мислењата се поделени, како ако не по етничка линија.
Во Скопје, прослава по повод 100 годишнината од албанската независност.

Во Скопје, прослава по повод 100 годишнината од албанската независност.


Дончо од Скопје му дава поддршка на Иванов што не заминал во Тирана и дека целиот маскенбал, како што вели, што се случи во Скопје е крајно провокативен. Никој, продолжува Дончо, не е против славењето на својот идентитет и независност, ама тоа треба да се прави на културен и демократски начин.
Претседателот треба да е претседател на сите граѓани и неодењето на Иванов во Тирана е негов гаф. Но гафови се и неодењето на инаугурацијата на српскиот претседател, тоа што Иванов не се видел и сретнал ниту со бугарскиот, уште помалку со грчкиот колега. Со кого од соседите имаме соработка и добри политички односи кога размислуваме дневнополитички?

Барон од Гостивар го споделува мислењето дека гестот на македонските политичари требало да се поздрави и дека комшиите требало да ги преиспитаат своите постапки, прво со пописот во Албанија, второ со изјавите во Македонија.

Морис од Мралино, меѓутоа, смета дека претседателот треба да е претседател на сите граѓани и неодењето на Иванов во Тирана го смета за негов гаф. Но исто така потсетува дека гафови биле и неодењето на инаугурацијата на српскиот претседател, дека не се видел и сретнал ниту со бугарскиот, уште помалку со грчкиот колега. Со кого од соседите имаме соработка и добри политички односи кога размислуваме дневнополитички, прашува Морис.
Штрајк на лекарите во Клинички центар во Скопје.

Штрајк на лекарите во Клинички центар во Скопје.


Миле од Битола мисли дека се' додека е Груевски на власт ќе има само провокации од една или од друга страна, тензии и немири. Груевски не знае дека играњето со меѓуетничките односи е фитил кој може да го запали цел Балкан. Груевски, оди си, за да живееме поубаво во мир! - порачува на крајот Миле од Битола.

Штрајкот на лекарите - специјалисти ги провоцира нашите слушатели да ги оценуват ликовите на некои од соговорниците на нашите новинари: Некој Доктор од Тетово смета дека Лазаревик е единствениот кој има мозок за да го опорави целото наше здравство, но слушател потпишан со Динко од Охрид му наоѓаа мана дека кога бил заменик министер за здравство не правел реформи и единствена реформа му била да си обезбеди место каде што е сега, во претставништвото на Светската здравствена организација во Скопје.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG