Достапни линкови

logo-print

Пахор: победа за излез од кризата во Словенија


Борут Пахор

Борут Пахор

Социјалдемократот Борут Пахор кој победи на вчерашниот втор круг од претседателски избори во Словенија изјави дека неговиот избор ќе биде почеток на договарањето на словенечките политичари за излез од кризата. Тој во емотивното обраќање на прес конференција на која учествуваат и актуелниот шеф на државата Данило Тирк и премиерот Јанез Јанша им се заблагодари на сите кои го поддржале. Поранешниот премиер Пахор доби над 67 проценти, додека Тирк 32 насто од гласовите. Изборите се одржаа по петочните протести против мерките за штедење во кои беа повредени 15 луѓе, додека 30 биле приведени. Словенија се соочува со една од најтешките рецесии во еврозоната.
XS
SM
MD
LG