Достапни линкови

logo-print

Бесими во посета на Шпанија


Mинистерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими ќе престојува во еднодневна официјална посета на Кралството Шпанија. За време на посетата Бесими ќе се сретне со министерот за одбрана на земјата, Педро Моренес Еулате и началникот на Генералштабот на Армијата на Шпанија, адмирал Фернандо Гарсија Санчез. Посетата се реализира на покана на шпанскиот министер за одбрана. Од министерството за одбрана информираат дека истата претставува значајна можност да се интензивираат билатералните средби со претставници на Шпанија, како и воедно да се разговара за унапредување на билатералната соработка во полето на одбраната и безбедноста.
XS
SM
MD
LG