Достапни линкови

Ахмадинеџад не сака измени во изборниот законик


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го повикаа парламентот да отстапи од можната ревизија на законот за оргaнизирање на претседателски избори, јавуваат иранските медиуми. Новинската агенција Асошитед прес јавува дека овој потег е дел од битките за претседателските избори кои се планирани да се одржат во јуни 2013 година. Претходно Ахмадинеџад го унапреди својот контроверзен помошник Рахим Масеја во пресрет на претседателските избори на кои се очекува тој да биде наследник на Ахмадинеџад кој нема право да се кандидира за уште еден мандат.
Агенцијата ИСНА јавува дека пратениците почнаа разговори за измени на законската регулатива која се однесува на организирање на претседателските избори.
XS
SM
MD
LG