Достапни линкови

Американскиот „Ентерпрајс “ се пензионира


Американската морнарица денеска го пензионираше првиот носач на авиони на нуклеарен погон откако 50 години беше во службата. Илјадници луѓе вклучувајќи го и поранешниот екипаж денеска присуствуваа на церемонијата за пензионирање на американскиот „УСС Ентерпрајс“ во Вирџинија. 342 метарскиот „Ентерпрајс“ учествувал во сите поголеми конфликтни ситуации почнувајќи од 1962 година за време на кубанската криза.
Со деактивирање на „Ентерпрајс“ американската флота е намалена за 10 носачи на авиони.
XS
SM
MD
LG