Достапни линкови

logo-print

Абас: Да, ние имаме држава сега


Палестинскиот претедател Махмуд Абас триумфално се врати денеска во Рамалах, по гласањето на генералното собрание во Обединетите Нации за унапредување на палестиснкиот статус. Пред толпата народ која го пречека изјави „ Да, ние имаме држава сега“. Тој вети дека сега во фокус на неговото внимение ќе биде постигнување помирување меѓу Фатах и Хамас, двете главни палестински политички фракции.
Претходно денеска со соопштение излезе израелскиот владин кабинет, кој најави дека ќе задржи речиси 100 милиони долари кои се наменети за палестиснките власти од даноци и слични приходи.
XS
SM
MD
LG