Достапни линкови

Египетскиот суд во знак на протест престана да работи


Египетскиот суд ја одложи седницата на која требаше да го разгледува новиот предлог устав донесен од уставното Собрание. Во соопштението за јавноста беше наведено дека демонстрантите кои во знак на поддршка на претседателот Мухамед Морси од Муслиманското братство пред судот протестираа, создале невозможна атмосфера за работа. Во продолжение е наведено дека седницата е одложена на неопределено се додека не престане психолошкиот притисок врз судиите.
Претходно Морси соопшти дека на 15- ти декември граѓаните ќе излезеат на референдум да се изјаснат за уставот.
XS
SM
MD
LG