Достапни линкови

logo-print

Намалени царински стапки од 2013 година


Од 1 јануари следната година Владата ги укинува или намалува царинските стапки за репроматеријали за резервни автомобилски делови, полиетиленски фолии, алатни машини, железнички товарни вагони и автобуси, како директна поддршка на пет стопански гранки. Вицепремиерот Зоран Ставрески изјави дека во металопеработувачката индустрија за над 105 производи, пред се алатни
машини, се намалуваат стапките кои досега изнесуваа 5 проценти а со тоа
директно ќе им се помогне на компаниите што се занимаваат со производство на предмети од метали и на целокупната металопреработувачка индустрија, но и за малите бизниси кои во голем дел се занимаваат со производство на предмети од метали. Тој додаде дека ќе има намалување на царините и за транспортниот сектор со цел обнова на возниот парк и намалување на трошоците на транспортните компании. Намалени ќе бидат царините за автобусите и минибусите од прва категорија од 10 проценти на 5 проценти, додека царините за автобусите и минибусите од втора категорија се намалуваат од 15 на 5 проценти. Царините за вагоните и цистерните пак, кои досега изнесуваа 4 проценти, сега се укинуваат.
XS
SM
MD
LG