Достапни линкови

Канадскиот програмер со потекло од Иран може да спаси глава


Иранските власти соопштија дека ја суспендирале одлуката за спроведување на смртна казна за компјутерскиот програмер кој беше обвинет дека отворил веб сајт за возрасни. Неговиот адвокат соопшти дека се надева оти со жалбата поднесена до судот за неговиот клиент иранчанецот Саид Малекпоур кој има постојан престој во Канада дека ќе добие намалување на казната. Тој беше уапсен во декември 2008 година кога се вратил во Иран да го посети својот татко. Во 2010 година беше осуден поради три обвиненија за дизајнирање и моделирање на веб сајтови за возрасни и навреда на светоста на исламот. Малекпоур се бранеше дека програмот што го креирал за постирање на фотографии на интернет бил користен без негово знање за порнографски страници. Во февруари еврокомесарката за надворешни работи Кетрин Ештон побара од Иран да ја отповика смртната казна за Малекпоур.
XS
SM
MD
LG