Достапни линкови

Малики: Можен е етнички конфликт во Ирак


Ирачкиот премиер Нури Ал Малики денeска предупреди на опасноста од етнички конфликт во Ирак по преговорите кои имаа за цел намалување на тензиите меѓу Арапите и Курдите. Тој на пресконференција во Багдад изјави дека доколку настаните еволуираат во конфликт, тоа ќе биде болно и долготрајно и тоа ќе биде етнички конфликт.“ Тој додаде дека конфикт не е ниту во интерес на Курдите нуту на Арапите ниту на Турменистанците. Влада на автономниот курдски регион соопшти дека во петокот биле прекинати разговорите меѓу федералните и курдските безбедносни претставници откако Багдад се спротивставил на барањето за укунување на оперативната единица Тигар. Станува збор за безбедносна единица која во своите надлежности опфаќа и спорна територија во северен Ирак.
XS
SM
MD
LG