Достапни линкови

logo-print

Аврамопулос: Решението за името да ја почитува историјата


Атина истапи со позитивна и агресивна дипломатија во врска со прашањето за името на Македонија, изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во интервју за весникот „Параполитика“. Тој повтори дека Атина предложи потпишување на Меморандум за разбирање со „што ја поврати иницијативата и кој има за цел да го зајакне процесот на преговори што се води во рамките на ОН“. Аврамопулос истакна дека со нивните како што вели конкретни предлози и чести контакти притискаат за решение кое ќе ги почитува историјата и културата на двете земји и нема да остави простор за национализам.
XS
SM
MD
LG