Достапни линкови

logo-print

Тесните сокаци во стариот дел на Охрид - проблем за пожарникарите


Пожарникари гаснат пожар во стариот дел на Охрид.

Пожарникари гаснат пожар во стариот дел на Охрид.

Уште пред неколку години, Црвен крст од Охрид покрена иницијатива за набавка на специјален брод за гаснење на пожар од вода, во случај на пожар во населбата Канео и пониските делови од населбата Варош каде гаснење на пожар е возможно единствено од вода. Но барем засега таа иницијатива нема вродено со плод.

Пожарот кој пред неколку дена се случи во стариот дел на Охрид, кога една куќа изгоре до темел треба да биде опомена и до институциите и до граѓаните да помогнат противпожарните екипи повеќе да не се соочуваат со потешкотии при извршувањето на своите задачи каде секоја секунда е значајна, велат од Противпожарната служба во Охрид.
Пристапот беше тежок поради паркираните возила. Апелирам до граѓаните кои живеат во овој дел на градот да најдат решение за своите возила. Можеше да се случи голема катастрофа поради пренаселеност, близина на објектите, тешкиот пристап.

Командирот Спасе Прентоски вели дека ако последниот пожар се случел во раните утрински часови, тогаш не само што ќе имало жртви туку ќе изгореле и повеќе куќи. Вели дека е неопходно жителите од овој дел на градот редовно да ги чистат оџаците на куќите, додека локалната самоуправа под итно да постави повеќе хидранти кои ќе бидат соодветно обележани, а веќе постоечките, кои ги имало само неколку, да се стават во функција.

„Среќа што не се зафатија уште повеќе куќи, ќе беше опасно тоа за овој дел од Месокастро“, вели еден жител.
Исклучително е неопходно да постои таков противпожарен пловен објект кој ќе биде лоциран на охридското крајбрежје и делува во такви ситуации. Имаме контакт со Операција Флоријан од Англија да помогнат. Во делот меѓу шумата и црквата Свети Јован Канео и Грашница, тој дел е непокриен и е невозможен пристап на пожарникарско возило.

Сокаците и тесните улички во овој дел на Охрид се главен проблем за пожарникарите навреме да интервенираат во вакви ситуации. Има делови кои се речиси недостапни за поголеми возила, а проблем претставуваат и автомобилите кои граѓаните ги оставаат на самата уличка, вели Ацо Атанасов командир на противпожарно одделение.

„Пристапот беше тежок поради паркираните возила. Апелирам до граѓаните кои живеат во овој дел на градот да најдат решение за своите возила. Можеше да се случи голема катастрофа поради пренаселеност, близина на објектите, тешкиот пристап“, вели Атанасов.

Уште пред неколку години, Црвен крст од Охрид покрена иницијатива за набавка на специјален брод за гаснење на пожар од вода, во случај на пожар во населбата Канео и пониските делови од населбата Варош каде гаснење на пожар е возможно единствено од вода. Но барем засега таа иницијатива нема вродено со плод. Сашо Точко од Црвен крст Охрид вели дека сè зависи од добрата волја на надлежните институции, бидејќи Охрид е хендикепиран без таков пловен објект.

„Исклучително е неопходно да постои таков противпожарен пловен објект кој ќе биде лоциран на охридското крајбрежје и делува во такви ситуации. Имаме контакт со Операција Флоријан од Англија да помогнат. Во делот меѓу шумата и црквата Свети Јован Канео и Грашница, тој дел е непокриен и е невозможен пристап на пожарникарско возило“, вели Точко.

Цената на такво возило со комплет опрема изнесува околу 50.000 евра. Од Јавното претпријатие Проаква велат дека ако пожарната од нив побара поставување на хидранти, тие тоа ќе го направат.
XS
SM
MD
LG