Достапни линкови

Зоран Пејковски со книга за творештвото на Владо Цветановски


„Театарот е фабрика за соништа“ е насловена книгата на битолскиот писател, публицист и театарски критичар Зоран Пејковски посветена на творештвото на прерано починатиот режисер и универзитетски професор Владо Цветановски.

„Театарот е фабрика за соништа“ е книжевно издание во кое се поместени неколку рецензии, кои што писателот, публицист и театарски критичар Зоран Пејковски ги пишувал за Народниот театар од Битола. Во него се застапени и написи, интервјуа и текстови за режисерот Владо Цветановски што авторот ги објавувал почнувајќи од 1990-те години па се до неговото заминување.
Насловот „Театарот е фабрика за соништа“ е изведен од последното интервју кое режисерот Владо Цветановски за битолскиот информативен неделник „Јавност“ при подготовката на претставата „Дон Кихот“ на сцената на Битолскиот театар и притоа морам да споменам дека книгата започнува токму со театарската рецензија за оваа претстава.

„Насловот „Театарот е фабрика за соништа“ е изведен од последното интервју кое режисерот Владо Цветановски за битолскиот информативен неделник „Јавност“ при подготовката на претставата „Дон Кихот“ на сцената на Битолскиот театар и притоа морам да споменам дека книгата започнува токму со театарската рецензија за оваа претстава“, истакнува Пејковски.
Зоран Пејковски, писател.

Зоран Пејковски, писател.


Говорејќи за творечката дејност на Цветановски, за неговите 12 остварувања во Народниот театар од Битола, Зоран Пејковски вели дека не смееме да заборавиме дека тој беше режисер од голем калибар кој не режираше класично, школски, туку постојано експериментираше со театарската сцена.
Владо Цветановски за мене беше еден порив, една надојдена река која што тешко се скротува како онаа неговата во Слоештица која преку лето на неколку месеци си заминуваше и се подготвуваше за нови режисерски подвизи кои ги создаваше наесен. Владо Цветановски беше еден од ретките режисери кој немаше суети, за него сите беа исти, кој студентите на ФДУ ги третираше како свои чеда и кој создаде нова театарска дефиниција во македонскиот театар.

„Тој на сцената преку силната актерска игра и внесот во текстот, силната драмска експресија што ја бараше од актерите кои играа во неговите остварувања, правеше претстави кои што го крунисуваа воопшто македонскиот театар со награди. Правеше претстави на текстови дури според драматизации од романите на големите книжевници од 19-от и 20-от век. Пример Сервантес со „Дон Кихот“ или Булгаков со „Мајсторот и Маргарита“ која ја одигра Битолскиот театар и за која на Театарскиот фестивал во Прилеп „Војдан Чернодрински“ доби награда.“

Критичарот како посебност во делувањето на Цветановски го издвојува и неговиот филм „Тајната книга“, дело кое многу зборува за богомилското движење и богомилското учење што се смета за автентична творба на богомилската литература. Притоа тој вели дека едни летописи упатуваат на вистината дека Тајната книга на Богомилите потекнува од Македонија што автоматски упатува на доктрината на Македонецот и Македонија како земја на катарзични мигови.

„Владо Цветановски за мене беше еден порив, една надојдена река која што тешко се скротува како онаа неговата во Слоештица која преку лето на неколку месеци си заминуваше и се подготвуваше за нови режисерски подвизи кои ги создаваше наесен. Владо Цветановски беше еден од ретките режисери кој немаше суети, за него сите беа исти, кој студентите на ФДУ ги третираше како свои чеда и кој создаде нова театарска дефиниција во македонскиот театар“, заклучува Пејковски.

Зоран Пејковски е поет, драмски писател и публицист. Дипломирал драматургија, а сега е на постдипломски студии на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „Есра“. Автор е на книгите „Тесно небо“ (1993), „Последниот чин на комедијата на смртта“ (1994), „Реликвијата на светлината“ (1996), „Филозофија на смртта“ (1999), „Љубов на вересија“ (2000), „Театарот е ритам и стил“ (2002), „За животот, љубовта и смртта“ (2011) и други. Преведуван е на неколку странски јазици, а член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година. Годинава ја доби наградата за најдобра песна на ДПМ на поетската манифестација „Празник на липите 2012“, а пишува и литературни критики и сценарија за краткометражни играни филмови.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG