Достапни линкови

logo-print

Ердоган: Се отвора пат за Палестина во ОН


Pakistan - Turkish Prime Minister Recep Tayyip Erdogan (C) arrives at the Prime Minister House in Islamabad, 21Nov2012

Pakistan - Turkish Prime Minister Recep Tayyip Erdogan (C) arrives at the Prime Minister House in Islamabad, 21Nov2012

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање на петтиот Турско-арапски форум за соработка изјави дека со добивањето статус на земја набљудувач, нечленка, во Обединетите Нации ќе се отвори пат Палестина наскоро да стане и полноравна членка на светската организација. „Палестина е рана која крвари во душите, не само на луѓето во овој дел од светот, туку во душите на целото човештво. Иако треба да се постигне многу повеќе, сепак новиот статус ни дава надеж дека Палестина наскоро ќе стане целосно независна и суверена држава“ рече Ердоган.
XS
SM
MD
LG