Достапни линкови

Бесплатен зимски одмор за деца од семејства во социјален ризик


Илјада деца од петто до осмо одделение од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток ќе добијат платен одмор за време на зимскиот распуст. Услугата за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, како што информираше денеска на прес-конференција ресорниот министер Спиро Ристовски, опфаќа седум дневен одмор и едукативно-забавни активности. Децата корисници на посебен додаток и децата со инвалидитет имаат право на придружник за време на користењето на услугата.
XS
SM
MD
LG